„Почнувам да мислам дека Модриќ има брат близнак, кој е многу лош фудбалер!“


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ за 2018 година, но сезонава целосно разочара.

„Кралевите“ не играат ниту приближно добро како претходните сезони и веќе неколку месеци се наоѓаат во голема криза, која посебно се одрази на фудбалерите на клубот.

Многу критики доби Модриќ, кој за викенд во поразот од Рајо Валјекано одигра еден од најлошите натпревари во дресот на „кралевите“.

По мечот против Рајо и шокантниот пораз на Реал се огласи и познатиот англиски коментатор Џо Морисон, кој на интересен начин ја криткуваше играта на Хрватот.

„Почнувам да мислам дека Модриќ има брат близнак, кој е многу лош фудбалер“, порача Морисон.