Клоп ветува, ама тешко исполнува: Се сеќава ли што кажа пред четири години?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ливерпул синоќа загуби со 0-3 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони, па тешко може да се очекува дека ќе ја елиминираат Барселона во реваншот.

Освен борбата за финале во елитното натпреварување, Ливерпул се бори и за титулата во Премиерлигата, но и таму би можеле да останат со празни раце.

Сепак, англиските новинари најдоа изјава на Јирген Клоп, кој во 2015 година имал ветување до навивачите.

„Ве молам дајте ни време да работиме, но во наредните четири години ќе освоиме барем еден трофеј. Ако не успееме, тогаш ќе одам да работам во Швајцарија“, кажал тогаш Клоп.

Четири години речиси поминаа, а Клоп е уште без трофеј, па останува да видиме дали ќе освои нешто до крајот на сезоната.