Роналдо: Не би можел никогаш да се преселам во Барселона!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо не ја исклучи можноста, па по завршувањето на фудбалската кариера би можел да стане тренер.

Роналдо има 34 години, но крајот на кариерата сигурно не е блиску. Тој во моментов не размислува така за иднината, но не ја исклучува можноста да почне да се занимава со тренерска работа.

„Зошто да не?“, одговори Роналдо во разговор за шпанските медиуми на прашањето за тренерска работа.

Исто така, новинарите ги интересираше дали би можел да се пензионира и да се пресели во Барселона.

„Не. Барселона дефинитивно не е за мене. Заминав еднаш или двапати и чувствувам дека Кристијано на многумина не им се допаѓа таму. Но, тоа е нормално поради ривалството од времето кога бев во Реал“, вели Роналдо.