Иван Ракитиќ откри каде сака да настапува следната сезона

Хрватскиот интернационалец од редовите на Барселона, Иван Ракитиќ даде одговор на шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од клубот ова лето.

Се пишуваше дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред, а медиумите во Италија пренесуваа дека и Јувентус „фрлил око“ на одличниот Хрват.

Сепак, Ракитиќ ги отфрли шпекулациите дека ќе си замине од „Камп Ноу“ и потврди дека ќе игра во Барселона и следната сезона

„Не сакам да бидам на друго место. Се надевам дека клубот, претседателот, тренерот и фановите гледаат на ова на ист начин како мене. Се надевам ќе ми кажат дека ќе останам овде уште три години“ –истакна Иван Ракитиќ.