Навивач го праша Азар дали останува во Челси, а тој даде чуден знак (ВИДЕО)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар и понатаму е главна тема во Англија, зашто уште не е позната неговата иднина.

Азар со Челси има договор на уште една година и одби пред неколку месеци да ја продолжи соработката, па постојано се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Меѓутоа, Азар не сака јавно да каже што ќе направи, па порача дека сите ќе ја дознаат неговата иднина кога ќе дојде време.

Навивачите на Челси се обидуваат од него да извлечат нешто повеќе, но не им оди најдобро.

Еден од навивачите чекаше Азар со автомобил да тргне кон домот по тренинг, па реши да го запре.

Белгиецот мислеше дека сака да се слика, но тој го снимаше и го праша дали ќе остане во Челси. Но, Азар само направи чуден гест со глава и додаде гас, па на никој не му е јасно дали потврди или негираше дека го напушта Челси.