Зидан подготви драстичен потег за да го избрка Бејл од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герет Бејл е на излезни врати од Реал Мадрид, а Зинедин Зидан нема намера повеќе да троши време и простор на него.

Шпанците сакаат да се ослободат од неговите услуги, меѓутоа проблемот е во платата. Бејл има плата од 30 милиони евра годишно и никој не сака да го плаќа толку многу, па најсериозни купувачи се Кинезите.

Ако 29-годишниот Бејл ги одбие Кинезите или некоја друга понуда, тогаш Зидан планира да го прати во екипата до 23 години на Реал Мадрид.

Така Бејл би бил далеку од соблекувалната, тренингот и натпреварите на првиот тим, со што Зидан би се обидел да го натера да замине од клубот.

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на фудбалерот од Велс, кој дефинитивно не е задоволен да седи на клупата за резерви.