Двајца фудбалери на Ливерпул против Вулверхемптон ќе се збогуваат со домашната публика

Јирген Клоп потврди дека неделниот натпревар против Вулверхемптон  на „Енфилд Роуд“ веројатно ќе биде последниот во дресот на Ливерпул за Даниел Стариџ и Алберто Морено.

Напаѓачот повремено добиваше шанса од германскиот стратег, додека Алберто Морено воопшто не ја доби довербата од Клоп, па речиси сигурно ќе си замине од клубот ова лето.

„Можно е тоа да е нивен последен натпревар. Ќе видиме. Не зборувам многу за договорите на играчите, дури и ако тие завршуваат по крајот на сезоната. Не е време за такви разговори“ –истакна Клоп.