Екипата на Бекам, Сколс, Невил и Гигс обезбеди пласман во повисок ранг!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Салфорд на „Вембли“ славеше со 3-0 против Флајд и така избори промоција во повисок ранг. Тимот сега дојде до четвртиот ранг на англискиот фудбал, а следна цел им е пласман во Лига 1, па можеби еден ден ќе стигнат и до Премиерлигата.

Сепак, станува збор за мал клуб, кој има големи амбиции, а тоа е нормално затоа што половина од екипата припаѓа на легендите на Манчестер јунајтед, како што се Дејвид Бекам, Гери и Фил Невил, Ники Бат, Пол Сколс и Рајан Гигс

Со Јунајтед ја освојуваа титулата и владееја со Англија, а сега се подготвуваат и на големи работи со малиот Салфорд.

Инаку, најголем акционер во клубот е Питер Лим со 40% од акциите, додека англиските легенди имаат по 10% во клубот, кој е создаден во 1940 година и игра на стадион со капацитет од само 5.000 места.