Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот клуб заигра пред своите навивачи после дебаклот во Лигата на Шампионите, а се виде и тоа дека трибините на Камп Ноу не се ни приближно потполнети како што беа претходно на натпреварите на Барселона.
Навивачите некои играчи ги наградија со аплауз, додека некои добија жестоки свирежи поради претставата во Лигата на Шампионите против Ливерпул.
И покрај се, Барселона славеше со 2:0 со голот на Видал во првото полувреме и со автоголот на еден од играчите на гостинскиот тим во 89 минута. Во таа „акција“ беше Лионел Меси, но на Аргентинецот не му беше пишан овој погодок.
Колку е Меси разочаран се гледаше и по синоќешниот натпревар и неговата незаинтересираност.Во втората половина од натпреварот, тој и Роберто со одлична финта ги „збркаа“ пет играчи на Гетафе, а потоа Меси воопште не го славеше погодокот.