Луд финиш на трка: Скокна како Супермен низ целта за да победи! (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Многу луди завршници имаме забележано во историјата во атлетико, а на првенството во Тексас, кое се одржа завчера на стадионот „Џон Мекдонел“ донесе вистинско возбудување.

Триумфираше атлетичарот Инфинит Такер, кој победи во трката на 400 метри со пречки и тоа на оригинален начин.

Кога забележа дека би можел да остане без првото место, Такер реши да скокне низ целта како Супермен и така стигна пред својот тимски колега Роберт Грант, па го освои златниот медал.

Такер, кој во моментов е лидер во студентската листа во Соединетите Американски држави ја доби трката со време од 49,38, а многумина му предвидуваат голема иднина.

Како изгледаше лудиот финиш може да погледнете во продолжение на видеото.