Борусија Дортмунд за еден ден донесе две засилувања вредни 50 милиони евра

Од таборот на Борусија Дортмунд не чекаа многу за да ги потрошат парите добиени од продажбата на Кристијан Пулишиќ во Челси.

Иако сезоната во Германија не е завршена, и преодниот рок не е започнат, „Билд“ пренесува дека Борусија Дортмунд договорила две засилувања во пресрет на следната сезона.

Првото име кое ќе пристигне на „Сигнал Идуна Парк“ е Торган Азар кој од Мехенгладбах ќе се пресели во Дортмунд, додека второто име е левиот бек на Хофенхајм и германски репрезентативец, Нико Шулц.