Робен: Се уште ми се игра, има многу опции…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арјен Робен ќе си замине од редовите на Баерн Минхен по цели десет години поминати во клубот, но нема намера да ја заврши кариерата.

Тој во изјава за медиумите од Германија потврди дека му се игра уште и посочи дека може да игра уште четири до пет години.

„Со задоволство би играл. Но, сигурно дека не сакам повторно пет месеци да бидам повреден. Можам да играм уште четири, пет години.  Понекогаш бев очаен, но тоа е нормално. Два, три пати бев пред враќање во тимот, но тоа сепак не се случи. Тогаш се чувствував како повторно да сум паднал во дупка. Тешко време беше за мене. Сепак, постојат многу опции за да ја продолжам кариерата, и во Европа и надвор од неа. Можам да кажам дека исклучувам можност да се преселам во Кина“ –истакна Робен.