Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Овој викенд во Хрватска се играше натпревар од финалето на купот за пионери помеѓу Осијек и Хајдук на кој се случи несекојдневен инцидент.
Натпреварот беше одигран во Славонски Брод, а Осијек на крајот славеше со резултат 3:2.
Сепак натпреварот падна во втор план кога главниот судија Анте Чулјак кој се обидел да се пресмета со еден од играчите на Хајдук кој имал само 14 години.
Од Хајдук веднаш се огласија со соопштение и го осудија немилото однесување на главниот судија на средбата.