Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торонто репторс ја запишаа и третата победа по ред против Милвоки бакс во финалето на Исток и сега водат со 3-2.
Милвоки водеше со 2-0, а потоа Торонто стигна до две домашни победи, па синоќа успеаа да направат и брејк, откако славеа со 105-99 на гостувањето.
Кави Ленард беше ѕвезда на вечерта, откако постигна 35 поени, девет асистенции и седум скокови, додека ВанФлет постигна 21 поен.
Во редовите на Милвоки најдобар беше Јанис Антетокумпо со 24 поени и имаше по шест скокови и асистенции.
Наредниот меч меѓу Торонто и Милвоки се игра на 26 мај, односно за два дена, во Канада.