Официјално: Лајпциг го доведе најголемиот талент на островскиот фудбал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веројатно најголемиот талент на островскиот фудбал Оливер Бурк денеска ја промени средината.

Кој некогаш ги следел мечевите во англиската втора лига – Чемпионшип, знае за каков фудбалер се работи.

Со своите 19 години, Оливер Бурк стана најдобар фудбалер на двократниот шампион на Европа Нотингем Форест ,а најверојатно и во целата лига.

Тоа го забележаа сите скаути на најголемите англиски клубови, но додека се договараа околу износот, ситуацијата ја искористи новиот германски бундеслигаш, екипата на Ред Бул Лајпциг.

Лајпциг константно се засилува, доведува веќе шестмина фудбалери во екипата, а сега го ангажираа и дефинитивно најголемо засилување кое е платено 16 милиони евра, потврди ББС.