Садио Мане се огласи по интересот од Реал Мадрид


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане истакна дека е среќен на „Енфилд“ и посочи дека не планира да замине од клубот за да се пресели во Реал Мадрид.

Се појавија шпекулации кои го поврзуваа играчот со трансфер во „Кралскиот клуб“, но Мане ги отфрли таквите можности.

„Ова  секогаш е дел од фудбалот, па мора да се носиме со тоа, но за мене најважно нешто е Ливерпул, среќен сум овде. Секогаш е притисок кога некој таков тим те посакува, но не го заборавам Ливерпул. Тие победуваат големи тимови“ –истакна Мане.