Лудница е во „Ланксес Арена“: Навивачите го слават триумфот на Вардар! (ВИДЕО)

Вардар успеа со одлична игра во финалето во „Ланксес Арена“ да ја освои титулата во Лигата на шампиони, откако го совлада Веспрем со 27-24, па така го повтори историскиот успех од 2017 година.

„Црвено-црните“ играа фантастичен меч од самиот почеток до крајот, а тоа на крајот ја донесе посакуваната титула и ги израдуваа навивачите, кои останаа во салата заедно со ракометарите да го прославуваат големиот успех.

Мора да споменеме и дека Вардар имаше солидна поддршка на фајнлфорот во Келн од страна на македонските навивачи.