Град Скопје ќе ги награди Вардарци со 100.000 евра и платен чартер-лет!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар е евроспки шампион, а денеска „црвено-црните“ ќе бидат пречекани на меѓународниот аеродром во Скопје, по што ќе тргнат кон градскиот плоштад.

Неколку пати се смени сценариото за пристигнување на Вардарци во Македонија, а според најновата одлука на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, ракометарите на европскиот шампион ќе добијат награда од по 100.000 евра и платен чартер-лет.

Чартер-летот е планиран да пристигна во Скопје во 18.50 часот, а потоа ракометарите во специјален автобус ќе тргнат кон градскиот плоштад и ќе бидат со огромна придружба.

Од друга страна, ЈСП обезбеди два бесплатни автобуси, кои ќе тргнат од Југодрво кон аеродром за пречек на ракометарите.