Рожерио Мораеш со емотивно видео се прости од Вардарци (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилскиот пикер Рожерио Мораеш преку специјално видео се прости од Вардар и од навивачите на овој клуб.

Пикерот не беше присутен на вчерашната прослава на плоштадот „Македонија“ во Скопје, па преку емотивно видео кажа збогум на клубот во кој помина три сезони.

Мораеш од следната година ќе биде дел од противникот на Вардар во годинешното финале од Лигата на шампионите, Веспрем.