Ѓоковиќ најде урнебесна занимација откако дождот му го одложи мечот во Париз (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека ја чекаше одлуката дали ќе игра меч против Александер Зверев, кој беше одложен поради дождот, Новак Ѓоковиќ си најде интересна занимација.

Ѓоковиќ и Зверев играат во четвртфиналето на Ролан Гарос, но поради дождот вчерашните дуели беа одложени за денеска.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Зверев почнува во 14.30 часот, па Србинот во меѓувреме реши да се занимава со нешто интересно.

Србинот најде добра занимација, па со сопругата Јелена Ѓоковиќ тој вежбаше да плете, па таа фотографија ги насмеа фановите на социјалните мрежи.

Често може да го забележиме Ѓоковиќ во несекојдневни изданија, но ова дефинитивно е врвот и сигурно тука нема да престане да ги изненадува поддржувачите.