Вардар потпиша двегодишен договор со млад репрезентативец на Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар најде ново засилување, кое пристигнува од Металург, а станува збор за Димитар Димитриоски, младиот репрезентативец на Македонија.

Димитриоски по пет години реши да го напушти клубот од Автокоманда, па сега дополнително ја засили конкуренцијата во „црвено-црните“, со кои потпиша двегодишен договор.

Младиот ракометар ги помина сите младински селекции на репрезентацијата, па покажа дека е подготвен за голем спортски успех.

Македонскиот репрезентативец има искуство од СЕХА-лигата и Лигата на шампиони, кадешто настапи со Металург.

Од Вардар изјавија дека се задоволни со пристигнувањето на Димитриоски во нивната екипа, па ќе му дадат шанса да докаже дека има потенцијал и квалитет да го носи дресот на европскиот шампион.