Мирка Федерер драстично ослабела: Сите се вртеа по неа кога стигна на Вимблдон (ФОТО)

Мирка Федерер го поддржуваше својот сопруг Роџер Федерер во дуелот од првото коло на Вимблдон против Џорџ Херис во кој Швајцарецот славеше со 3-1.

Жената на Федерер привлече многу внимание во Лондон, а на турнирот стигна во елегантни бели пантолони и сако во истата боја.

Јасно е дека таа драстично ослабела, а во претходниот период често ја критикуваа поради вишокот на килограми.

Мечот на Федерер го следеше со сериозен израз на лицето, а покрај неа беше и синот, кој со разлчни гримаси ги освои симпатиите на публиката на Вимблдон.

Мирка и Роџер имаат интересна љубовна приказна. Пред да го запознае тенисерот, од кој е постара четири години, Мирка била верена со богат арапски султан.