Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркос Алонсо наскоро треба да стане нов фудбалер на Челси, пренесоа италијанските медиуими.
Според пишувањата на италијнанските медиуми, Фиорентина ја прифатила понудата од Челси за Маркос Алонсо во вредност од 27 милиони евра.
Шпанецот може да игра во средниот ред или во одбраната, одличен е на левата страна и на средината, па тоа е најголема причина зошто овој играч е толку ценет.
Алонсо во Фиорентина стигна во 2013 година од Болтон, а вчера управата на клубот негираше дека ја прифатиле понудата. Сепак, денеска не се огласуваат, ќе видиме дали овој трансфер ќе се случи.
Се зборува и дека овој фудбалер е на пат кон Лондон и дека можеби и денеска може да има медицински прегледи.
Инаку, добро е познато дека Конте „лови“ засилувања воглавно во Серија А, но не му појде за рака да ги доведе ниту Ромањоли од Милан, ниту Кулибали од Наполи.