Србите распукаа: Албанските медиуми се за срам – ништо не пишаа за Ѓоковиќ! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српски „Телеграф“ денеска имаше жестока критика до албанските медиуми, откако тие не објавиле ништо позначајно за Новак Ѓоковиќ, кој во епски меч го победи Роџер Федерер со 3-2 во сетови на Вимблдон и го освои трофејот по петти пат во кариерата.

Српските медиуми пишуваат дека новинарите во Албанија, како и во Косово немале воопшто професионалност, па го игнорирале еден од најголемите спортски настани во светот, а тоа е финалето на Вимблдон и тоа затоа што го освоил Србин.

Српски „Телеграф“ пишува дека „Коха Диторе“, највлијателниот албански медиум во Косово не објавил ниту вест за финалето на Вимблдон, па последно нешто кое го објавиле била победата на Симона Халеп против Серена Вилијамс во женското финале на Вимблдон.