Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа во пријателски меч беше поразен од Баерн Минхен со 1-3. Баварците славеа со головите на Толисо, Левандовски и Гнабри, додека погодок за Реал постигна Родриго.
Тимот на Зинедин Зинан не играше како што се очекуваше од новите ѕвезди, иако во првото полувреме, додека играше првиот тим, изгледаа како подобра екипа. Од првата минута дебитираше и Еден Азар.
Навивачите со недели го чекаат Азар да избере број на дресот. Се споменуваше „седумката“ на Мариано Дијаз, но Белгиецот наводно е заинтересиран за „десетката“ на Лука Модриќ, сепак Хрватот не се предава.
Слободни броеви се уште 23, 44 и 50, па најскапото засилување за летово ја избрка токму 50. Сепак, нема да го носи тој број во новата сезона, туку тоа го направил поради 50-годишницата од спуштањето на човекот на Месечината.
Moonwalk ” 50 ”@hazardeden10 #RMTour pic.twitter.com/WPMKbLOzJ2
— ☆ Diario Parisino ☆ (@parisinisto) July 21, 2019