Европскиот шампион Вардар ги запали моторите под водство на Писонеро (Фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар денеска ги стартуваше подготовките во пресрет на новата сезона во која влегува со нов тренер и шест нови играчи.

Вардарци подготовките ги стартуваа во „Јане Сандански“ во полн состав, а отсутен беше само голманот Калифа Гедбан. На тренингот присутен беше Столе Стоилов кој не тренираше поради тоа што се уште се рехабилитира од повредата заработена во финишот на сезоната.

За прв пат опремата на вардарци ја облекоа новите засилувања, Хозе Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис, Димитар Димитриоски, Домен Сикошек Пелко и Павел Атман.