Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олимписката и светска шампионка на 100 метри со пречки, австралиската атлетичарка Сали Пирсон објави крај на кариерата, откако објасни дека нејзиното тело повеќе не може да издржи тешки тренинзи и повреди.
Пирсон која освои златен медал на 100 метри со пречки на Олимписките игри во Лондон 2012 година и сребро во 2008 во Пекинг планираше спектакуларно да ја заврши кариерата идната година на Олимписките игри во Токио, но телото уште еднаш ја разочара.
Оваа одлука значи дека во Доха нема да го брани златниот медал од Лондон од пред две години.
„16 години сум во австралската репрезентација и моето тело не може да го издржи. Кога ќе изброите шест повреди годинав за кои никој не знае и уште цела една година тренинг за Олимписки игри, имам сомнеж дека моето тело може да го издржи тоа“, вели атлетичарката.