Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е подготвен целосно да ја смени формацијата на својата екипа.
„Кралевите“ имаа лоша претсезона, а не помогнаа ниту големите засилувања кои ги донесоа, а токму поради нив размислува да ја промени формацијата.
„Марка“ пишува дека Зидан е свесен дека Азар не може дефанзивнод а му помогне. Белгиецот не знае да игра во одбрана и поради тоа ќе се обиде во нова формација 3-5-2.
На таков начин ќе се ослободи Азар од дефанзивните обврски, а во дефанзивното трио ќе бидат Едер Милитао, Серхио Рамос и Рафаел Варан.
Дани Карвахал и Марсело ќе бидат крилни фудбалери, а Касемиро, Тони Крос и Азар ќе бидат во средината.
Во нападот најверојатно ќе играат Карим Бензема и Лука Јовиќ.