Кармело Ентони побара да заигра за репрезентацијата, но си доби „корпа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кармело Ентони веќе неколку месеци не игра кошарка. Откако беше отпуштен од Хјустон рокетс во ноември минатата сезона, Мело нема тим, но уште се надева дека ќе заигра во НБА-лигата.

Сепак, засега не се знае дали некој ќе му даде шанса, иако Мело дефинитивно може уште многу да покаже.

Мело сакаше да настапи и на Светското првенство во Кина во дресот на САД, откако откажаа голем број ѕвезди, но доби негативен одговор.

„Го сакаме Кармело. Имаше добра интернационална кариера, но поради тоа што го правиме, сметам дека е погрешен потег и му го привлекло вниманието на погрешна страна. Разбирам зошто сака да игра, се обидува да се врати, но верувам дека тоа треба да го направи во НБА-лигата“, порачаа од репрезентацијата.