Балотели се предомисли: Италијанецот се сели во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели преговараше со Фламенго, но очигледно следната сезона ќе игра во Серија A.

Италијанските медиуми пишуваат дека Бреша ги договорила деталите од соработката со поранешниот репрезентативец, кој минатата сезона ја помина во Олимпик Марсеј.

Балотели е слободен фудбалер, откако му заврши договорот и може да преговара со клубовите за личните услови.

Бреша, наводно, му понудила милион евра плус бонуси за постигнати голови, настапи и останати работи во Серија А, па така тој може да добие вкупно три милиони колку што бараше.

Иако ова се премногу пари, посебно за клуб, кој штотуку се врати во елитата, тие не жалат средства за да го вратат Балотели дома.