Реакцијата на Јирген Клоп го воодушеви светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јирген Клоп се прослави со уште еден трофеј со Ливерпул.

После освојувањето на Лигата на шампионите, Редсите го победија тимот на Челси и го освоија УЕФА Суперкупот, а германскиот стручњак очигледно беше пресреќен поради трофејот.

Тоа го докажа и во интервјуто после натпреварот кога едноставно на прашањето на новинарот тој вресна – Адриан.

Секако, тоа го направи за да му оддаде почит на голманот на својот тим кој го одбрани пеналот на Абрахам и му донесе трофеј на тимот од Енфилд.

Интересно е секако тоа што шпанскиот чувар на мрежата пред само неколку дена потпиша за Редсите.

Веднаш доби шанса да застане помеѓу стативите и тоа после повредата која ја доби првиот голман – Бразилецот Алисон.