Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар утре требаше да има официјално деби во дресот на Реал Мадрид, но тоа очигледно нема да се случи.
Реал госува кај Виго во Селта во првото коло од новата сезона на шпанската Ла Лига, а најскапото засилуваље на мадридскиот клуб (110 милиони евра) нема да му биде на располагање на Зинедин Зидан.
Имено, Белгиецот се повреди на денешниот тренинг на Реал и според медицинскиот персонал станува збор за повреда на левиот бут, поради што офанзивниот фудбалер ќе го пропушти, во најдобар случај, дуелот во Виго.
Освен него, Зидан не може да смета на Марко Асенсио, Менди и Родриго, но Азар е секако најголемиот хендикеп на „кралевите“ пред отворањето на новата сезона.
Зидан се најде во многу проблеми, иако ќе ги има на располагање „отпишани“ играчи како Герет Бејл или Џејмес Родригез, а дебито на напаѓачот Лука Јовиќ не е исклучено, иако се смета дека Карим Бензема ќе игра на позицијата на централен напаѓач од првата минута.