Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ромелу Лукаку им одговори на критичарите, кои објавија дека неговата тежина би можела да го одложи дебито во дресот на Интер против Лече.
Интер ја почнува сезоната во понеделник на 26 август, а „Кориере дело Спорт“ пишуваше дека Лукаку поради вишок килограми би можел да го пропушти мечот.
Во извештајот се тврдеше дека тежи 104 килограми, додека медицинскиот персонал не сака да биде потежок од 100 килограми.
Сепак, Лукаку реши да се огласи на Инстаграм со фотографија, на која покажува дека се наоѓа во добра форма.
„Не е лошо за дебело момче“, напиша Лукаку во описот на фотографијата, а притоа ги покажа стомачните мускули.