Санчо е вистински магионичар: Борусија Дортмунд на негов погон стигна до пресврт и победа против Келн (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд стигна до втората победа во второто коло од новата сезона во Бундеслигата.

Овој пат пред „милионерите“ оружјето го положија фудбалерите на Келн кој долго време се држеа и имаа позитивен резултат.

Келн кој беше домаќин дојде до водство уште во 29. минута преку Дрекслер, а со тој резултат се замина и на пауза.

Во вториот дел следеше очекувана доминација на Борусија Дортмунд која на крилата на Џејдон Санчо стигна до целосен пресврт. Најпрво Англичанецот го израмни резултатот на 1:1 во 70. минута од натпреварот, а потоа во 86. минута ја започна акцијата која со гол ја круниса Хакими кој ја искористи асистенцијата на Пишчек.

Конечниот резултат го постави Пако Алкасер во 94. минута по феноменалната асистенција од Џејдон Санчо.

Инаку во редовите на Келн овој пат не беше повикан македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој во првото коло и официјално дебитираше во Бундеслигата.