Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар не успеа да се пласира во финалето на годишеното издание на Суперглоуб откако со 34:30 беше поразен од тимот на Кил.
По едно израмнето прво полувреме, германскиот тим ја презеде иницијативата на стартот на вториот дел и веќе по само десет минути имаше недостижна позитива од околу десет погодоци.
Кај „црвено црните“ најдобри беа Шишкарев, Чупиќ и Дибиров кои натпреварот го завршија со по пет погодоци.
Во натпреварот за трето место Вардар веројатно ќе се соочи со домаќинот Ал Вехда кој е тотален аутсајдер на средбата против Барселона..