Чичарито си замина од Вест Хем и официјално се врати во Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хавиер Чичарито Ернандез по две сезони поминати во Вест Хем си замина од клубот од Лондон и се пресели во Ла Лига.

31 годишниот напаѓач е нов член на тимот на Севилја со кој потпиша тригодишен договор кој му истекува во 2022 година.

„Не сум загрижен, ова е позитивна работа. Зборував со мојот агент и двајцата се согласивме дека ова е голема можност за мене. Ја знам мојата одговорност и знам на кое место дојдов, затоа сум презадоволен“ –истакна Чичарито.

Мексиканскиот напаѓач помина две сезони во редовите на Вест Хем во кои успеа да запише вкупно 17 погодоци во сите натпреварувања.