„Газета“: Сари се врати на тренинг и се соочува со проблем вреден 75 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари последен пат предводеше меч пред точно 100 дена. Италијанскиот стратег тогаш го освои трофејот во Лига Европа со Челси, откако го победи Арсенал со 4-1 во финалето.

Вчера Сари се врати на тренингот на Јувентус, откако беше на рехабилитација, поради проблеми со белите дробови, но веднаш се соочи со големи проблеми.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Сари се соочил со Матијас де Лихт, најскапото летно засилување на италијанскиот шампион, кое стигна од Ајакс за 75 милиони евра.

Де Лихт не игра најдобро во Јувентус, па сега Сари има проблем со тоа што не може да смета на Џорџо Кјелини, а тоа значи дека мора да го користи младиот дефанзивец во екипата.

Според италијанскиот медиум, на Сари му претстои тешка работа со дефанзивецот, кој ќе биде првотимец од следното коло.