Победа на Тотенхем – Муса Сисоко!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најинтересните приказни во последниот ден од преодниот рок е поврзана за Французинот Муса Сисоко.

Довчерашниот фудбалер на Њукасл и репрезентативец на Франција Муса Сисоко е најново засилување на Тотенхем во последните часови од преодниот рок.

Во текот на вечерта пишувавме што се случуваше во врска со овој играч, околу кој борба водеа Тотенхем и Евертон и иако се чинеше дека ќе заврши во Евертон, тој во последниот час се одлучи да ги одбие Карамелите и да се пресели на Вајт Харт Лејн.

Дваесет и седум годишниот играч за врска со Пеачите потпиша договор на пет години, до јуни 2021, вреден 30 милиони фунти.

Сисоко го избра дресот со број 17, а Тотенхем ноќеска и офрицијално го претстави како свој нов фудбалер.

„Ќе дадам се од себе за вас и за тимот. Се надевам на голем број на победи и на освоени трофеи“, порача Сисоко на навивачите на Тотенхем.