Тотенхем не се откажува од намерата да го ангажира Дибала


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од Тотенхем не се откажуваат од намерата да го донесат аргентинскиот фудбалер, Пауло Дибала од Јувентус.

„Тутоспорт“ пишува дека клубот од Лондон ќе тргне по услугите на Дибала во јануарскиот преоден рок. Аргентинецот одби да се пресели на „Вајт Харт Лејн“ минатото лето иако Јувентус и Тотенхем се договорија за обесштетувањето.

Сепак, сега откако ќе му стане јасно дека нема да добива шанса од Маурисио Сари, Дибала веројатно ќе се премисли и ќе си заминево јануари.

Освен Тотенхем, за Дибала има интерес и од Манчестер Јунајтед и од ПСЖ. Наводно Солскјер му наредил на Вудвард да го донесе Аргентинецот на стартот на новата година.