Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марио Манџукиќ ќе сака да ја поправи грешката која ја направи во летниот преоден рок кога одби трансфер во Манчестер Јунајтед.
Веднаш после тоа на Манџукиќ му беше кажано дека нема да биде во составот за Лигата на шампионите, а веројатно ќе добива многу мала шанса и во Серија А.
Токму затоа, според „Спортмедијасет“ хрватскиот интернационалец ќе се обиде во јануари да издејствува трансфер на „Олд Трафорд“.
Наводно од Манчестер Јунајтед биле отворени за ваквата опција, па во јануари може да се случи Хрватот да се пресели во Англија за прв пат во неговата кариера.