Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинските кошаркари се пласираа во финалето на Светското првенство (СП) во Кина, откако во полуфиналеа славеа против Франција со 80-66.
Франција беше фаворит пред почетокот на мечот, но тие беа непријатно изненаден. Аргентинците го почнаа подобро мечот, па по првата четвртина имаа водство од 21-18, а на полувреме змаинаа со 39-32.
Аргентинците имаа +12 на крајот на третиот период од играта, а до крајот го зачуваа водството и Франција ја испратија во борба за третото место, а себе си обезбедија борба за златниот медал со Шпанија.
Ветеранот Луис Скола ја предводеше Аргентина со 28 поени и 13 скока до финале, а најдобар кај Франција беше Франк Нтиликина со 16 поени.