Гвардиола му „честиташе титула“ на Ливерпул


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


По изненадувачкиот пораз во Норвич, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола иронично му честиташе на Ливерпул.

Ливерпул вчера го победија Њукасл со 3-1, а неколку часа подоцна Сити загуби со 2-3 против Норвич и сега има пет бода помалку од нив.

„Пет бодови зад Ливерпул, но уште е рано, сега е средина на септември. Што треба да направам? Можеби да му честитаме на Ливерпул титула? Ниту во еден момент не се сомневам во моите фудбалери“, порача Гвардиола.

Гвардиола одби да ги критикува своите фудбалери и покрај грешките, кои беа видливи, посебно во одбраната, а Николас Отаменди беше очаен на фудбалскиот терен.