Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Франција го освоија бронзениот медал на Светското кошаркарско првенство во Кина. Тие по голем пресврт ја совладаа австралиската репрезентација со 67-59.
Првото полувреме од средбата ќе биде запаметено по одличната одбрана на Австралија, која во првото полувреме ја остави Франција на само 21 поен.
Сепак, на стартот на третата четвртина Австралија стигна на +15, па многумина помислија дека „кенгурите“ ќе ја освојат бронзата, но потоа почна големиот пресврт на Французите.ѓ
Падна концентрацијата кај Австралија, а тоа Франција го искористи и намали на 42-46 во третата четвртина.
Сепак, во финишот на мечот Франција почна да доминираа, па направи пресврт и успеа да стигне до конечните 67-59.
Најдобар кај Франција беше Де Коло со 19 поени, додека кај Австралија најефикасен беше Инглс со 17 постигнати поени.