Анчелоти прати предупредување до Ливерпул пред меѓусебната пресметка од Лигата на шампионите

Наполи во вторник на домашен терен ќе го пречека европскиот шампион Ливерпул во првото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

На „Сан Паоло“ минатата сезона Наполи славеше со 1:0, а Анчелоти верува дека истото ќе се случи и овој пат.

„Ливерпул порасна затоа што минатата сезона им даде толку многу свест. Од друга страна и ние пораснавме. Тоа ќе биде тежок натпревар затоа што ќе се соочиме со најдобриот тим во Еворпа. Се надеваме дека ќе оствариме ист резултат како и минатата сезона. Очекувам мојот тим да е способен да се брани кога треба, да напаѓа кога ќе се укаже прилика и да ја држи топката кога е потребно. Ќе ни треба совршен натпревар“ –изјави Анчелоти.