Клоп знае кој е најдобар тим во светот: Ние имаме шест победи, но…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул се издвои сезонава како прв фаворит за шампионската титула во првенството, откако во шест меча оствари шест победи.

Меѓутоа, тренерот Јирген Клоп смета дека „црвените“ не се најдобар тим во светот, туку дека тој епитет му припаѓа на Манчестер сити.

„Граѓаните“ го победија Вотфорд со 8-0, а германскиот стратег вели дека не е изненаден со резултатот.

„Имавме таму слична ситуација кога загубивме 0-5, а ако имате 10 фудбалери на Манчестер сити, тогаш тоа е најлошо место за вас. Ви кажав, не сме ни најдобар тим во светот. Се зборува за титулата, а 32 меча има до крајот. Малку е рано за такви приказни“, порача Клоп.

Да потсетиме, Ливерпул вчера го победи Челси со 2-1 на „Стемфорд бриџ“.