Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар, кој го засили Реал Мадрид минатото лето, верува дека „кралевите“ се најголем тим во светот и дека ќе имаат добра сезона и покрај тоа што почетокот беше ужасен.
„Кралевите“ успеаа да славаат на три од првите шест меча сезонава, но и покрај тоа се наоѓаат на делба на првата позиција во шпанска Ла Лига со Атлетик Билбао, со кој имаат по 11 бода од пет кола.
„Кога играш за Реал Мадрид, мораш да победуваш во секој меч, токму поради тоа сме најголем клуб во светот. Имаме квалитетен тим – беше тешко, но победивме против Севиља. Истото важи и за Лигата на шампиони. Загубивме од ПСЖ, но и понатаму сонуваме за успешна сезона“, вели Азар.
Азар поради повреда на бутниот мускул одигра само два меча досега во Ла Лига, а во среда Реал гостува кај Осасуна.