Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанската легенда, Франческо Тоти, кој цела кариера настапуваше за Рома, имаше понуди од многу европски гиганти, но никогаш не ја напушти екипата од Рим.
Тоти призна дека имал понуди од европски гиганти, меѓу кои и од Реал Мадрид, но не сакал да ја напушти Рома, а имаше и коментар за тоа колку би можел да вреди доколку игра денес.
Може слободно да кажеме дека се претера со трошењето пари за засилувања, а најскапиот трансфер во моментов е тој на Нејмар од 2017 година, кога за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.
Сепак, Тоти беше ептен „скромен“, па кажа дека доколку играл денеска би вредел околу 200 милиони евра, што до некаде е реална сума, доколку се земат во предвид ненормалните цени на трансфер-маркетот.