Ули Хенес потврди дека Баерн Минхен ќе размисли за ангажман на фудбалерот на Манчестер Сити


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес верува дека клубот ќе ја разгледа опцијата за ангажман на Лерој Сане од Манчестер Сити.

Германскиот интернационалец беше блиску до трансфер во Минхен меѓутоа неговата повреда спречи тој да се врати во Германија од каде пред неколку години се пресели во Сити.

„Бевме многу заинтересирани за него и имавме преговори со играчот, но му се случи таа несреќа, таа ужасна повреда која го расипа трансферот. Мислам дека ќе разговараме во јануари или февруари за да разговараме дали ќе тргнеме по него повторно. .Тоа може да се случи“ –изјави Хенес.