Ливерпул ја продолжи доминацијата во Премиерлига: Седум од седум за избраниците на Клоп (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул денеска славеше на гостувањето кај Шефилд јунајтед со 1-0 во седмото коло од Премиерлигата, па така ја продолжи доминацијата во Англија.

Најдобрата шанса Ливерпул ја имаше преку Садио Мане, кој имаше одлична позиција во 34. минута, но шутираше над голот, по што десет минути подоцна ја погоди и стативата.

Во второто полувреме Ливерпул повторно напаѓаше кон голот на домаќините, а Вајналдум со многу среќа успеа да погоди во мрежата на Шефилд за водство од 1-0.

Во финишот од мечот Шефилд имаше шанса да израмни, но фудбалерот на домаќините промаши цел гол од неколку метри.

Ливерпул по седум одиграни кола има освоено 21 бод, а Шефилд јунајтед остана на десетто место со осум бода.