Сити е страшен сезонава: „Граѓаните“ израмнија рекорд стар 125 години


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити на „Гудисон парк“ славеше со 3-1 против Евертон и така ја продолжи „бркотницата“ со Ливерпул во Премиерлигата.

Габриел Жесус, Ријад Марез и Рахим Стерлинг беа стрелци во победата на тимот на Пеп Гвардиола, а Сити е толку многу ефикасен сезонава што урна рекорд стар 125 години.

На седум средби во Премиерлигата, „граѓаните“ постигнаа 27 гола, речиси четири по натпревар, па така стигнаа до неверојатен рекорд.

Последен тим кој имал таков голгетерски резултат по седум меча во Премиерлигата бил Евертон во сезоната 1894/95.

„Граѓаните“ стигнаа до рекордот благодарение на убедливиот триумф од 8-0 против Вотфорд пред неколку кола.